Top
utrinski-seks

Утрински секс за возбудлив почеток на денот

Освен што ги зголемува шансите за забременување, утринскиот секс ги зближува партнерите бидејќи се излачува хормон на среќа. Тој е одличен начин за возбудлив почеток на денот, кој гарантира насмевка и добро расположение во текот на целиот ден.

Разбудете го со допири
Денот кој започнува со секс ги зближува партнерите, бидејќи во текот на оваа игра се испушта хормонот на среќа, окситоцин. Наутро, разбудете се пред својот партнер и него разбудете го со сензуални допири во пределот на колковите, бавно движејќи се кон интимниот дел. Пред да преземете акција, уживајте во предиграта.

Ментол за експлозивен оргазам
Ако планирате утрински секс, до креветот оставете си бомбони од ментол или гума за џвакање, како би го избегнале утринсиот здив. Освежувачкиот ментол ќе ги скокотка неговите брадавици и ќе ви помогне при орален секс. Играта топло-ладно ќе ги разбуди сите ваши сетила.

Совршена игра на светла и сенки
Наутро, додека сончевите зраци се пробиваат низ завесата, е идеално време за уживање во телото на партнерот. Не е премногу темно, ниту премногу светло, поради што не се гледаат ситните телесни недостатоци. Едноставно заборавете на нив и уживајте во жешката игра.

Ги зголемува шансите за бременост
Мажите се поподготвени од жените за утрински секс бидејќи кај нив 3-5 пати во текот на ноќта се случува ерекција. Тоа е особено добро ако сакате да забремените, бидејќи утринскиот секс го подобрува квалитетот на спермата и ја зголемува плодноста.

Заедно под туш
Сексот под туш пред заминување на работа ќе ги разбуди сите сетила, посебно ако во играта вклучите освежувачки гел. Сексот очи во очи е идеална поза бидејќи не бара голема физичка подготвеност. Доволно е жената со грбот да се потпре на ѕид, а партнерот да ја крене нејзината нога околу своето тело.

Секс на брзина
Недостатокот на време не е изговор за избегнување на секс. Партнерите можат да го скратат времето за предиграта и побрзо да се препуштат на страстите. Сепак тоа е најдобар почеток на денот.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *