Top

Утрина

(Од птичја перспектива, една птица слепа на левото око…)

Треба да останеш.

Не. Морам да останам.

Треба да правиш што сакаш.

Сакам да си тука. Сакаш?

Скршена чаша.

Ти мил, јас див. Попарено цвеќе. Есен што доцни во пролетен миг.

Треба да останеш. Повторно грешам.

Се кријам зад ненакитена елка пред Божиќ. Мислите ми се лампиони, а ти не светиш, ниту како мала светилка во мракот. Можам да се изгубам, сосема да се изгубам. Да не можеш никогаш да ме најдеш.

Немој.

Во прегратка долга колку време пред заборавање ти го давам моето тело. Дишам во заднината од твојот врат и тука се раѓа сето она за кое одамна се родив.

Ти ме најде. Ѕвезди што ме гледаат. Да можеш само да ги видиш колку се празни и колку сум полн. Полн како ден кога светот вришти од убавина. Колку војна што убила љубов.

Сонувам во твојот живот. Живееш во мојот сон. Се пропуштаме со милениуми. Јас за музика, ти за зборови. Немам веќе играчки.

Треба да останам. Тука ќе те чекам.

Под најсветлата ѕвезда, само затоа што ти заборави да сјаеш. Некој мора да те потсети за сјајот во првите утра.


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Утрина“: Сашо Димоски

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>