Top
pozi-koi-doveduvaat-do-orgazam-iLike-mk

Топ 5 пози кои ќе ве доведат до фантастичен оргазам

Речиси секој маж старува од фактот дека нема да успее да ја задоволи партнерката за време на сексуалниот чин. Но, сексолозите велат дека следниве 5 пози гарантирано ги задоволуваат женските секс апетити:

Мисионерска поза
Позата во која мажот е горе, а жената доле, често неправедно се нарекува досадна. Наспроти желбата за промена и сексуално експериментирање, голем број парови секогаш се враќаат на мисионерската поза бидејќи во неа мажот полесно ги контролира движењата и може да го продолжи сексуалниот однос. Уште подобро е кога мажот е поставен нешто повисоко над жената, па пенисот при пенетрацијата е насочен надолу, наместо нагоре.

Секс додека стоите
Оваа поза е идеална за да се погоди Г-точката, која се наоѓа во предниот дел од вагината. Без разлика дали мажот ја придржува жената во воздух или ако разликата во висина е нешто помала, па може да се потпре на една нога додека другата ѝ ја придржува партнерот, оваа поза овозможува длабока пенетрација и интензивен оргазам.

Лажица
Оваа поза е идеална за утрински секс, а предност е што со многу мали движења и труд дава добра стимулација. Во „лажичката“ и мажот и жената се легнати на едниот колк, со тоа што тој лежи зад неа. Ако таа ги собере нозете го зголемува уживањето за него, а истовремено се стимулира клиторисот и Г-точката.
Воедно, мажот може со слободната рака дополнително да го стимулира клиторисот. Ако жената го свитка грбот, му овозможува подлабока пенетрација од поголем агол, така што неговите движења и колковите се движат од нејзините колена кон задникот, а не обратно.

Каубој поза
Ова е поза во која жената е горе, свртена или со лицето или со грбот кон мажот. Идеална е за жени кои сакаат да ја играат главната улога во сексот. Мажот во тој случај има слободни раце со кои може дополнително да го стимулира клиторисот, а покрај тоа е многу возбудлива поради единствениот поглед на „акцијата“. Оваа поза е идеална ако задоволството ви е поважно од романтиката и нежноста.

Доги стајл (Кучешка)
Ова е поза во која жената се наоѓа во поза на куче, потпрена на рацете и на колената, а мажот продира во неа одзади. Врвот на неговиот пенис директно го стимулира чувствителниот преден дел и Г-точката. Ако жената во оваа поза ги собере нозете, тогаш го зголемува притисокот на клиторисот, истовремено се зголемува и аголот за подлабока пенетрација. Уште подобро е чувството ако жената се потпре на предниот дел од телото, односно на лактите, бидејќи на мажот му ги остава слободни рацете, па може да го стимулира нејзиниот клиторис.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *