Top
tipovi mazi

Типови на мажи кои не смеете да ги изгубите

Во последно време многу е тешко да наидете на вистински маж за кој вреди да се борите да го зачувате крај себе, но сепак не е невозможно. Веројатно ќе ви биде потребно повеќе време да најдете токму таков маж, а кога ќе го најдете, направете сѐ за да го задржите крај себе.

Маж кој не е „плиток“
Овој тип на маж бара многу повеќе од добар изглед. Тој ја забележува длабочината на жената, односно основата на нејзината личност, како и секој сегмент од нејзиниот карактер. Нормално дека е важно физички да ве привлече одредена личност, но мажот кој не е „плиток“ нема да ве заборави во истиот момент кога ќе налета на друга прекрасна девојка.

Маж кој е директен
Многу ретко се наоѓа ваков маж. Тој е директен и доколку му се допаѓате тоа веднаш ќе ви го признае. Исто така, кога веќе ќе нема чувства кон вас, тој нема да го троши вашето време залудно и искрено ќе ви ја каже вистината. Директниот маж има силен карактер, висока самодоверба и ја цени искреноста повеќе од сè останато.

Маж кој стои на својот збор
Ако тој нешто ви вети, тогаш со сигурност и ќе го исполни истото. Жените многу лесно можат да забележат дали одреден маж го поседува или не овој квалитет. Доколку не постои никаква поврзаност помеѓу неговите зборови и неговите дела, тогаш тој не е за вас. Но, ако забележите дека тој ги прави дури и оние најситни детали кои ви кажал дека ќе ги направи, тогаш со сигурност можете да знаете дека тој ќе го прави истото и за оние големите нешта кои се од големо значење за вашата врска.

Маж кој отворено ви го нуди своето срце
Овој маж не се плаши од одбивање. Дури и да ако постои ризик од искреното изјавување на неговите емоции кон вас, тој едноставно не се грижи бидејќи неговото срце е како отворена книга. Овој тип мажи нема да си играат игри со вас, ниту пак да ве игнорираат со цел да го привлечат вашето внимание. Тие, исто како и мажите кои се директни, искрено ќе го изговорат секое нивно чувство кон вас.

Маж кој ве гледа вистински
Овој маж секогаш ќе биде присутен во ваша близина. Тој внимателно ве набљудува, обидувајќи се да ве запознае во целост и активно учествува во вашите разговори, секогаш ве слуша и ги цени сите оние нешта кои ве прават посебни во неговите очи. Многу лесно ги забележуваат дури и најмалите ситници кои ве одделуваат од другите жени, нешта кои никој друг претходно не ги забележал. Неговата способност да ве види во вистинското светло е нешто што секоја жена би требало да знае како да го цени.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>