Top
Tajnite-za-zhenskiot-organizam-iLike-mk

Тајните за женскиот оргазам

Mажите и жените се подеднакво заинтересирани за тоа што жените сакаат најмногу за да доживеат оргазам.

Редовно мастурбираат
Жените кои се самозадоволуваат, стануваат вистински експерти за секоја точка од своето тело. Знаат кои точки се клучни точки со кои се активира доброто чувство. Освен тоа, знаат да го информираат партнерот, на што треба да обрне внимание за да го достигнат врвниот оргазам.

Внимаваат на клиторисот
На многу жени, за да доживеат оргазам, им е потребна стимулација токму на оваа точка. Само малку жени доживуваат оргазам со стимулација само на Г точката и пенетрирање. Тие знаат да му дадат инструкции на партнерот, како тој да ги стимулира.

Не брзаат во предиграта
Предиграта ја обожаваат, бидејќи го зголемува возбудувањето, овозможува целосно опуштање и сексуално искуство, кое ги води кон постигнување на врвот. Бавно и нежно зголемување на возбудата, бакнежи и галење водат кон одлично сексуално искуство со славен завршеток на сексуалните игри.

Кажуваат што сакаат
Жените знаат како да комуницираат со своите партнери и им откриваат што сакаат и што не им се допаѓа. Ги упатуваат и бараат од нив.

Не се под притисок
Жените не се под постојан притисок да мора да доживеат оргазам. Токму поради таа опуштеност и препуштање на сексуално задоволство ги доведува до експлозивен оргазам. Колку повеќе си опуштен, толку порано ќе доживееш оргазам.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>