Top
sovrshen seks

Тајни на паровите кои имаат добар сексуален живот

Паровите кои и покрај тоа што се долго време заедно успеваат да имаат возбудлив и страствен секс, се придржуваат до неколку правила. Двата партнера мора да работат на успехот на врската. Ако сакате да го задржите огнот, проучувајте ги карактеристиките на искусни долгогодишни двојки кои имаат навистина добар секс со години!

Комуникација
Ако постојано зборувате со својот партнер за проблеми, желби, мисли и идеи, но и знаете да се сослушате меѓу себе, тоа е силна основа за добар сексуален живот. Во таква здрава врска, тие автоматски експериментираат повеќе и ги задоволуваат желбите.

„Те сакам”
Многу е важно да се зборува за чувствата. Ако партнерот знае дека може да му верува на другиот, ништо не може да го спречи релаксираниот секс без никакви опструкции.

Нежност после секс
Милувањето после секс ја подобрува врската, а мозокот ги обработува настаните во креветот како нешто многу позитивно.

Самодоверба
Само кога некој се сака самиот себе, тогаш може да го сака другиот. Ако сте задоволни со својот изглед и личност, не постојат пречки за страстни игри во креветот.

Флексибилност
Колку побрзо ќе се прилагодат еден на друг, толку полесно ќе го дознаат она што другата личност го сака. Емпатијата е многу важна за успешен сексуален живот.

Здравје
И двајцата се грижат за меѓусебната исхрана и спортуваат заедно. Здраво и соодветно тело е одлична основа за задоволување на сексуалниот живот.

Топли стапала
Можеби звучи глупаво, но тоа е факт. Имено, една холандска студија покажа дека жените кои носат чорапи за време на секс, за да немаат студени нозе, ги зголемиле оргазмите за 50-80 проценти.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>