Top
kiss in bed

Што забележуваат мажите кај жените за време на сексот?

Додека жените се трудат да имаат совршена фризура и шминка за време на состанокот со еден маж, мажите размислуваат на малку поинаков начин. Ако сакате да доживеете незаборавно сексуално искуство, обрнете внимание на следниве детали кои секој маж обрнува внимание за време на сексот.

Вашата иницијатива
Не постои ништо поеротско од жена која се чувствува добро во својата кожа. Тоа е природен мамец за мажи и тие едноставно не можат да му одолеат. Освен што ги чини сексапилни и заводливи, опуштеноста за време на сексот, како и преземањето иницијатива мажот ја толкува како силна желба да бидете со него и да уживате во негово друштво. Мажот обожава кога жената знае што сака.

Вашите движења
Движењата на жената, како одењето, кокетирањето и однесување во друштво, па сѐ до најстраствениот чин, целото тело само по себе на мажите им е особено привлечно. Уште и кога со движењата открива страст и заведува, ниту еден маж нема да успее да остане рамнодушен. Опуштете се, припијте го своето тело до неговото и несомнено е дека ќе го освоите.

Вашиот поглед
Погледот може да биде многу сензуално и страствено оружје на кое „паѓа“ секој маж. Тој покажува сигурност, самодоверба, уживање, страст и желба за секс. Погледите во текот на бакнувањето, како и погледите на своето и неговото голо тело ја подига страста.

Вашите воздишки
Она што го открива вистинското задоволство се сензуалните воздишки на жените кои за момент може да го возбудат секој маж. Тие се само доказ како уживате во неговите допири и бакнежи. Препуштете ѝ се на страста и не се воздржувајте да му покажете на партнерот што навистина чувствувате за време на тој чин.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>