Некои истражувања покажуваат дека цвеќето кое го добивате како подарок од момчето открива многу за неговите чувства. Од друга страна пак, се смета дека момчињата воопшто не размислуваат кога треба да подарат цвеќе и најчесто се одлучуваат за црвена ружа.
Црвена боја: ја покажува љубовта и романтичните чувства, страста и почитта.
Бела боја: укажува на наклонетост, искрените и сериозни намери, без разлика дали е во прашање врска или брак.
Жолта боја: искажува пријателство и приврзаност.
Розева боја: израз на воодушевување, благодарност и среќа.
Портокаловa боја: знак за обожавање и прикриена страст.
Нежна боја на праска: израз на симпатија, признавање и уважување.
Виолетова – боја на лаванда: покажува дека тој е целосно маѓепсан и заљубен на прв поглед.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!