Top
vo-krevet

Што не треба да кажувате за сексот?

Сексот е една од оние теми во кои сите се чувствуваат како стручњаци чие мислење е многу важно да се слушне, но како и обично секогаш се зборува само за добрите нешта, додека лошите се премолчуваат и прескокнуваат. Сите лажат за тоа колку често секс имаат во врската или бракот бидејќи едноставно сакаат да се натпреваруваат. Во ова претеруваат и мажите и жените, а најмногу оние парови кои сакаат да остават впечаток дека имаат совршена врска.

Сексот во глобала е добар, но многу имаат и лоши искуства. Секому барем еднаш му се случило да не му оди како што треба и на крај двајцата партнери да се откажат од чинот. Секако тоа од никого нема да го слушнете. Истовремениот оргазам не е мит, но во стварност се случува многу поретко отколку во кажувањата, а исто е и со приказната за некористење на презервативи. Мажите обично се обидуваат да ги наговорат своите партнерки на секс без презервативи, но и кога не го постигнуваат посакуваното, пред другите велат дека уживале без нив.

Освен тоа, ќе се изнаслушате за вистинска бајка, со сто пози кои некој ги пробал за време на сексот. Но, во стварноста е малку комплицирано да се направи сето она што го гледаат во порно филмовите. Најверојатно најмногу приказни ќе слушнете за времетраењето на сексот, која во просек трае околу 8 минути.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>