Top
seks iLike

Што ги спречува жените да уживаат во сексот?

Стравот најчесто се дефинира како ментален феномен кој ги спречува луѓето да испробуваат нови нешта и да стекнат нови искуства. Постојат многу причини поради кои жените избегнуваат секс, меѓу кои се анксиозност, чувство на вина, неискуство и слично.

Страв од одбивање
Како и мажите, така и жените, имаат проблем со својата самодоверба. Тие не се чувствуваат доволно привлечни, а овој страв може да биде до степен да не можат нормално да комуницираат со спротивниот пол, да започнат врска или да се впуштат во сексуални односи. Овој страв ги тера да сметаат дека не се доволно згодни, убави или сексапилни. Многу од жените не се задоволни од големината на своите гради, целулитот, стриите и токму затоа се плашат од навреди и забелешки на сметка на нивниот изглед, одбивање и од чувство на срам.

Страв од понижување
Многу од жените веруваат дека мажите имаат полов однос само за ги задоволат своите потреби и да се забавуваат. Откако жената ќе му го подари „највредното“ што го поседува, од него очекува љубов и приврзаност, а за жал многу често се случува спротивното. Многу мажи ги напуштаат жените откако поминале некое време заедно, а притоа ги оставаат во солзи, со чувство на срам и страв од понижување.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>