Top

Што ги прави мажите добри во кревет?

Добриот секс нe е поврзан само со умешноста и искуството, туку и со карактерот на самиот маж. Доколку вашиот партнер ги поседува карактеристиките во продолжение, навистина имате убава љубовна врска.

Џентлмен
Ако ве прашува како ви поминал денот, го поместува столот за да седнете, се сеќава дека сте имале важен состанок на работа, ви отвора врата, тој е вистински џентлмен. А сигурно таков е и под чаршавот.

Допири
Луѓето не треба да се допираат само кога ќе ги обземе страста. Ако ве фати за рака додека шетате, нежно ви го допира грбот кога ве пропушта да одите пред него или ве допира за рака во текот на романтична вечера, бидете сигурни дека тој знае што прави.

Светот не се врти околу него
За повеќето луѓе, во еден момент од животот престанува да важи правилото дека сами на себе си се најважни. Треба да се сакате себеси, но треба и да ви претставува задоволство да го направите и другиот среќен. Секогаш имајте го тоа на ум.

Не се брза
Мажот кој сака сериозна врска и кој ужива во секој чекор од градењето на убава врска со некоја девојка, има на ум дека не треба да брза. Тој ќе биде внимателен и трпелив кон девојката и нема да ја тера да направи нешто за кое ќе се чувствува лошо бидејќи сѐ уште не е време за тоа.

Знае што да направи за да се чувствувате убаво
Мажот покрај кој нема да се срамите во креветот е сигурно оној кој ќе ја забележи секоја ситница кај вас и ќе ве пофали. Вие ќе се чувствувате убаво и ќе станете свесни колку сте привлечни. Тоа гарантира ноќи за паметење.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>