Top
sex

Што ги пали, а што ги одбива мажите во сексот?

Постојат нешта со кои жената може да го заведе секој маж за само една секунда, но и нешта кои ќе го одбијат со истата брзина. Мажите конечно открија што за нив е секси, а што никако не сакаат да прави нивната партнерка во креветот.

Секси е:
– кога жената ќе ја остави долната облека на себе. Мажите не сакаат да им ги покажете сите адути во најкраток можен рок, но сакаат да ја соблечете облеката од себе и по долна облека да им дадете до знаење што следува потоа;
– партнерката да му зборува „безобразно“, но во граници на нормалата. Бидете безобразни и груби, но немојте да бидете премногу вулгарни;
– кога жената презема иницијатива. Земете ги работите во свои раце, бидете опуштени и водете го комплетно целиот сексуален чин. Тоа ги воодушевува мажите секогаш;
– кога жената се самозадоволува. Ништо не може да ги возбуди повеќе од глетката на партнерката која се самозадоволува;
– кога танцува заводлив танц во неговиот скут. Тоа му овозможува да гледа, допира и ужива.

Мажите ги одбива:
– сè што може да им предизвика болка. Заборавете на лисици и други помагала кои може да му предизвикаат болка. Ваквите секс играчки може да ги користите само доколку партнерот добро го познавате;
– претерано користење миризливи свеќи и масло за масажа. Мажите не сакаат ниту претерано стенкање на време на сексот;
– кога жените користат различни помагала за да го дополнат сексот. Не претерувајте со вибратори, лубриканти и еротски филмови. Сè што е претерано не чини;
– кога жената се концентрира само на една ерогена зона. Употребете ја фантазијата и рацете и истражувајте го целото машко тело.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>