Top

Рецепт за совршен утрински секс

Наутро мажите се многу порасположени за секс во споредба со жените, а особено задоволство и сатисфакција им претставува да ја разбудат својата партнерка со страстен секс. Меѓутоа, неодамнешните испитувања и анкети покажаа дека жените и не се баш воодушевени од оваа идеја.



Единствена работа што мажите наутро треба да ја направат е да се истушираат и после тоа директно во кола накај работа. Речиси на сите жени, при првото отворање на очите на памет им паѓа што се треба да направат тој ден, почнувајќи од подготвка на појадок, подготовка на децата за училиште, подготовки за работа, планирање што за ручек…

Мажот кој сака рано наутро дополнително да ја “згужва постелата” треба да се разбуди саат време порано од својата партнерка, и во најмала рака да се погрижи за појадокот.
Потоа, мажот треба да ја разбуди саканата со бакнеж и галење. Во тој случај, жената нема да има време за размислување и веднаш ќе се препушти на уживање. Со други зборови тешко дека ќе одолее на предизвикот.

Жената има потреба од секс доколку е емоционално возбудена, но тоа многу ретко се случува во раните утрински часови бидејќи времето од отворање на очите до започнување со реализацијата на дневните обврски е прекусо. Мажот кој сака да има секс во раните утрински часови треба да биде трпелив и внимателен. Предиграта треба да трае подолго со цел партнерката сексуалниот чин да не го доживее како чиста механика. Не е вистина дека жените не сакаат секс наутро, само им треба повеќе време да се возбудат.” – објаснуваат психолозите.

Топла препорака: Како на вашиот партнер да му кажете дека не сте типична жена по однос на ова прашање? Изненадете го и иницирајте секс наместо него.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *