Top

Што е совршен секс за жените?

Кога станува збор за сексот, сонот на секој маж е да го добие епитетот на “совршен љубовник” и да ја задоволи својата партнерка на најдобар можен начин.



Квалитетна предигра
Постои голема разлика меѓу мажите и жените. Додека мажите многу лесно се возбудуваат и веднаш се подготвени за жешки игри, на жените им е потребно повеќе време, а лошата техника и предигра може за секунда да ги излади.

Сексологот Емили Нагоски во својата книга “Good in Bed Guide to Female Orgasms” вели дека жените се како добро суфле чиј вкус ќе ве маѓепса, но за да испадне така добар треба да се внимава на важните варијабли. Таа предлага предиграта да трае долго, исполнета со комплименти и секси пораки проследени со нежни допири. Сето тоа ќе овозможи незаборавен секс.

Тајната на оргазмот
Научниците откриле дека тајната на женскиот оргазам зависи од длабокото чувство на опуштеност, а чувствата на вознемиреност и нервоза не би смееле да бидат присутни. Скеновите од мозокот покажале дека одделни делови од женскиот мозок кои се одговорни за чувството на страв и нервоза, ја смируваат жената со растењето на возбудата. Поради тоа научниците сметаат дека стадиумот на потполна опуштеност и ослободување од негативните емоции е една од најважните работи за доживување вистински оргазам.

Видете ја разликата
Секоја жена е различна, а повеќето жени не можат да доживеат оргазам кога првпат водат љубов со нов партнер. За целосно уживање, жената треба да е опуштена, а мажот да открие што најмногу ја возбудува. На пример, која е позата што ја сака или која е нејзината ерогена зона. Откријте кои секси сценарија најмногу ѝ одговараат на вашата партнерка и едноставно уживајте.

Секси фантазии
Возбудливите секси фантазии се еден од клучните елементи на здрав сексуален живот. Така на пример со голема доза на интимност и доверба доаѓаат и можни експериментирања. За време на сексот дури е и пожелно да фантазирате, а ако посакате во реалноста можете и да ги примените.

Препознајте ги сопствените граници
Ретко кој може со сигурност да изведе вистински секс перформанс како во порно филмовите и да има секс неколку саати. Препознајте ги и прифатете ги вашите недостатоци и прилагодете се на нив. Доколку патите од прерана ејакулација, компензирајте го тоа со орален секс.
Ако партнерката не може да препознае што сакате, бидете искрени и отворени.

Орален секс
Ретко која жена останува рамнодушна при орален секс, особено ако ги погодите сите клучни точки. Сфатете го клиторисот како срце на женската сексуалност и извор на потполно уживање.
Доколку сакате на партнерката да ѝ приредите вистинско незаборавно сексуално искуство, оралниот секс ќе биде вистински погодок. Но, бидете претпазливи, бидејќи потребно е вежбање и усовршување.

Темпирање на оргазмот
Доживувањето на оргазам е различно кај мажите и жените. Според сексуалниот терапевт Иан Кернер, за да се доживее вистински, треба да се направи сексуална љубезност. Сексуалната љубезност подразбира да дозволите жената да доживее прва оргазам. Следете го нејзиното однесување, грчењето на мускулите во рацете, нозете и бутините па потоа препуштете се на сопственото задоволство. На тој начин ги зголемувате шансите да доживеете оргазам истовремено.

Сексуални играчки
Сексуалните играчки не би требало да бидат забранета тема. Со нив многу лесно ќе можете да го зачините и подобрите сексуалниот живот. Вибраторот е еден од најдобите патишта до долг и силен женски оргазам.

Не заборавајте да се мазите
Галете се, прегрнете ја вашата партнерка и бакнувајте ја. Ова може да ја зацврсти вашата врска, а ги зголемувате и шансите за секс реприза.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>