Top
sreken-par

Совети со кои ќе се чувствувате како на почеток на врската

Кога искрите помеѓу вас малку се изгаснеле, постојат неколку начини на кои можете да ги разгорите. Секоја врска има подеми и падови, но тоа не значи дека треба да ги дигнете рацете и да се откажете. Баш спротивно, тоа е вистинскиот момент да поработите на својата врска и повторно да ја оживеете љубовта помеѓу вас.

Допирајте се почесто
Физичкиот допир е многу важен фактор за воспоставување блискост. Почестото допирање од вообичаено може да ви помогне повторно да ги разгорите искрите во вашата врска. Секако, тоа не значи дека треба да претерувате.

Планирајте го заедничкото време
Не треба да мислите дека романтиката настанува сама по себе. Како и за повеќето работи во животот, така и за добрата врска треба да вложите повеќе работа и труд. Затоа, потрудете се да одвоите доволно време за да поминете со вашиот партнер и да испланирате заеднички активности кои ве исполнуваат и двајцата.

Испланирајте романтично патување
Не треба да ја потценувате силата на патувањето и заедничкиот одмор. Одморот е само за вас двајцата и сигурно ќе ви помогне да го зајакнете меѓусебниот однос и да ја оживеете романтиката. Не е важно дали се работи за егзотично патување од соништата или патување за викенд, туку важно е да се оддалечете од секојдневните случувања и да уживате во заедничкото друштво.

Делете си комплименти
За да преживее романтиката, важно е да си давате комплименти еден на друг, а и да си зборувате кои работи ги обожавате. Токму кога ви се чини дека вашата врска стагнира, потсетете се што е она што ве натерало да се заљубите во вашиот партнер.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>