Top
spijte-goli

Слатки начини да му бидете посекси

Во врска која трае подолго време, нормално е понекогаш страста да избледне. Но сепак, нема потреба да се очајувате и да мислите дека повеќе не сте му интересна. Можете да ја свртите ситуацијата во ваша корист со примена на следните секси трикови.

Променете ја долната облека
Вашите драги и удобни памучни гаќички заменете ги со црни чипкасти танги. Знаеме дека не се многу удобни, но обидете се да ги носите барем две недели и да се уверите во нивната моќ.

Договорете тест возење на нов луксузен автомобил со кожни седишта и кажете му дека вие ќе го земате тој ден од работа
Вие зад воланот на скапа убавина? Тоа дефинитивно ќе го возбуди!

Вратете ги допирите
Се сеќавате ли како на почетокот на врската постојано сте се допирале додека сте седеле во кино, сте се возеле во автомобил или додека сте се шетале низ улиците? Вратете ја оваа прекрасна и романтична традиција.

Земете курс по француски или италијански јазик
И научете неколку жешки реченици што ќе му ги „сервирате“ во кревет.

Спијте голи
Многу е ефикасно и нема причина да не се обидете, особено затоа што ни доаѓа потопло време.

Заедно погледнете некој стар добар еротски филм
Порнографија не доаѓа во предвид. Ви треба нешто повеќе интригантно, секси и бескрајно возбудливо и инспиративно.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>