Top
Mazh-na-laptop-iLike-mk

Што постираат мажите на социјалните мрежи после прекин на врската

Секој човек различно го поднесува крајот на врската. Некои после прекинот се тажни, втори полни со бес, а пак трети спремни за одмазда.

Конкретно, еве што постираат мажите на „Фејсбук“ и „Твитер“ по прекинот на врската:

СТАТУС ИЛИ ПЕСНА ПОСВЕТЕНИ НА ДЕВОЈКАТА
Најголемиот проблем не се состои во тоа што ќе видите статус во стил „конечно слободен“ или ќе слушнете песна во чии рефрен неколку пати се истакнува колку е убаво што сте се разделиле, туку проблемот е што тоа ќе го видат најмалку 100 ваши заеднички пријатели и веднаш ќе заклучат дека сте биле најлоша девојка на светот.

ПОСТАВУВАЊЕ ФОТОГРАФИИ ОД ДРУГИ ДЕВОЈКИ
Во следните неколку недели вашиот поренешен дечко сигурно ќе објави фотографии со други девојки од „лудите“ ноќни излегувања, кои можеби и воопшто не се такви.

ПРЕКУМЕРНО ЛАЈКУВАЊЕ
Тој добро знае кој лајк најмногу ве боли. Па, токму сега тоа ќе му стане омилена активност со цел да се запрашате што, како и од кога е со некоја.

НИЗА ПОРАКИ ИСПРАТЕНИ ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА
Ова им се случува и на најдобрите, но овојпат зборуваме за пораки во непристојно време, кои очигледно повикуваат на секс бидејќи вашиот поранешен нема подобри опции во моментот, а хормоните интензивно работат. Не одговарајте на ваквите пораки!

ПРОВОКАТИВНИ ФОТОГРАФИИ
Сосема очекувано, сега оди во теретана, се храни здраво, ја средува фризурата и постојано купува облека. Се фотографира и ги преплавува неговите профили со фотографии од себе.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *