Top
Skluchuvanje_brak_iLike_mk

6 добри причини за стапување во брак

Иако, заедничкото живеење е социјално прифатено и речиси изедначено со бракот, повеќето од двојките се одлучуваат за озаконување на својата врска. За да се одлучите дали сакате да стапите во брак со партнерот, морате да најдете вистински одговор на неколку круцијални прашања: Зошто го сакате бракот? Кои се Вашите очекувања од бракот? Дали сте подготвени за ваква голема одлука?

Луѓето со различни карактери и исти правила не се однесуваат исто кон нив, меѓутоа еве неколку добри причини за влегување во брачните води:

1. Заљубени сте во партнерот. Секако, љубовта сама по себе не би требало да биде единствена причина за венчавање, но секако е еден од најважните елементи за успешна љубовна врска, па и брак.

2. Сакате да се врзете. Вие и Вашиот партнер сте одлучиле дека засекогаш ќе останете заедно, познавајќи си ги своите маани и предности, добри и лоши страни.

3. Затоа што бракот е дел од Вашата култура и цивилизациско достигнување.

4. Затоа што сакате да основате семејство.

5. Затоа што сакате да ја прославите својата голема љубов со Вашето семејство, роднините и пријателите.

6. Затоа што сметате дека дошло правото време за тоа. После долготрајната и стабилна врска, бракот Ви изгледа како следен логичен чекор.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *