Top

Колку сексуални партнери сте имале досега?

Во секоја врска сива зона е разговорот за поранешните партнери и поранешните искуства, а посебно забрането е прашањето за бројот на партнерите со кои сте имале сексуални односи во минатото. Разговорот за поранешните сексуални партнери е незгоден, па тешко е да му го кажете тој број на партнерот. Меѓутоа, вистината е секогаш подобра од лагите.


Без оглед на тоа што времињата се менуваат, сепак момците доминираат во однос на бројот на сексуални партнери. Така, една американска студија покажува дека 29% од мажите имале 15 или повеќе сексуални партнери, а истиот број го имале само 6% од жените. Истото истражување, спроведено од страна на Националниот центар за здравствена статистика, покажало дека мажите во просек имаат 7 различни сексуални партнери во текот на животот, а жените 4.
Студијата открива дека помладите жени имаат тенденција да имаат помалку сексуални партнери, додека мажите се горди на голем број. Мажите обично лажат и го дуплираат вистинскиот број на партнерки. Бројни сексолози сметаат дека во сексот не постои „нормално“, односно не постојат граници кои се општо прифатени. Тие велат дека не треба да се грижиме за бројот на партнери само заради општествени стандарди.

Би одговориле искрено доколку партнерот ве праша колкав е вашиот број?




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *