Top
Seksot_kako_eliksir_iLike_mk

Сексот како вистински еликсир за убавина и здравје

Сексот не се практикува само за задоволство, биолошко наследство или забава, тој е подеднакво важен и за нашиот физички изгледа, како и психичката состојба.

Во продолжение седум добри причини за редовен секс:

Намалување на болка
Оргазмот ја менува состојбата на вашиот ум од болка на задоволство. Исто така, стегањето и олабавувањето на мускулите може веднаш да ги намали грчевите и болката.

Подобрување на расположението
Дали сте тажни? Оргазмот ги зголемува нивоата на естроген и ендорфин, кои ве прават посреќни и позадоволни.

Зголемена емотивна поврзаност
Уште еден хормон стапува на сцена, окситоцинот, кој честопати се нарекува „природен агенс на врзување“, кој се зголемува до пет пати за време на сексуалниот чин.

Го подобрува сонот
Да се свртиш настрана и да заспиеш по добар секс е вистински дар од природата. Според истражувањата, имате 15-20 минути време за гушкање пред да се активира окситоцинот.

Намалување на стресот
Неуротрансмитерот допамин, кој се ослободува за време на сексуалната возбуда предизвикува состојба на опуштање која се интензивира при оргазам.

Физичко разубавување
И кај мажите и кај жените е забележано дека изгледаат помлади и поздрави по оргазам. Сексот и оргазмот влијаат подобро и од најдобрите спа третмани.

Подобрен имунитет
Сексот значително го зајакнува имуниот систем, со што се чувствувате поздраво.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>