Top
Situacii-koi-kje-go-izludat-iLike-mk

Секси ситуации кои ќе го излудат

Во сексот постои правило кое не треба да го заборавите: никогаш не дозволувајте да ви биде досадно! Промените се секогаш добредојдени, а за да направите нешто поинтересно, потребни се малку напори и малку повеќе фантазија.

За да ја разгорите страста, потребни се малку напори и малку повеќе фантазија. Станете попалави од вообичаено и разгорете ја страста со помош на некоја од следните секси игри:

Игра на среќа
Земете две мали платнени торбички, ливчиња хартија и пенкало. Поделете ги ливчињата на две групи: на ливчињата од едната група напишете глаголи како допри, бакни, лижи, а во другата група напишете делови од телото како усни, гради, стомак, клиторис и друго. Прво дајте му него да влече по едно ливче од секоја торбичка, потоа направете го и вие истото. Извршувајте ги извлечените „наредби“.

За уште поголема возбуда изгаснете го светлото. Користете светилка или мобилен телефон само за да го прочитате напишаното на ливчето. Кога ќе извлечете, не си кажувајте еден на друг што треба да направите, туку директно започнете да ја извршувате „наредбата“. Возбудата од неизвесноста и очекувањето е дополнителен сексуален стимул.

Со оваа игра сигурно ќе откриете некоја нова ерогена зона кај вашиот партнер. Ако сте посрамежливи, ова е одличен начин да се опуштите и да пробате работи кои во друг случај не би ги побарале или не би се осмелиле да ги направите.

Секси изненадување
Ова сте го виделе на филмовите, но уште поинтересно е во реалниот живот. Подгответе го вашето тело за жешка вечер. Вашата кожа нека бидe мазна, мека и миризлива. Изгаснете ги сите светла и запалете многу мали свеќи кои ќе му го осветлуваат него патот од влезната врата до собата во која ја планирате вашата секси средба. Земете неколку парчиња облека и оставете ги како траги кои ќе водат до вас, а градникот оставете го последен. Облечете се во секси гаќички и легнете во креветот. Кога тој ќе стигне до вас, сигурно ќе гори од страст.

Чекањето ќе ве возбуди и вас. Ќе посакате тој веднаш да пристигне и да ве пронајде.

Времето истече
Пред односот, земете кујнски часовник или наместете го вашиот будилник или мобилен да ѕвони по 30 минути или малку повеќе. Соблечете се целосно голи. Во интервалот што сте го одредиле никако не дозволувајте пенетрација. Дозволени се страсни бакнежи и допири, но одложувајте го самиот акт. И двајцата ќе горите од возбуда до моментот кога ќе истечат 30-те минути.

На овој начин добивате доволно време за предигра.

Мистериозна убавица
Договорете средба во бар во кој не сте биле претходно, но знаете дека има интимна атмосфера. Облечете се поразлично од вашиот вообичаен стил и направете си ја косата поинаква. Ставете малку повпечатлив кармин и секси фустанче. Пристигнете на средбата 10-15 минути подоцна од договореното за да бидете сигурни дека тој веќе е таму. Седнете до него, започнете да флертувате отворено и правете се дека не го познавате.

Кога ќе дојдете блиску до него, пуштете ја раката за да се запознаете и кажете лажно име. Откако ќе си ги покажете еден на друг сите техники за флертување, забавата продолжете ја дома.

Ќе се чувствувате порелаксирано и повеќе ќе флертувате затоа што ќе играте улога, а тој ќе има шанса да си исполни една од машките фантазии – да има секс со мистериозна убавица.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *