Top
seks tehniki

Секс техники кои ги сакаат мажите

Ако не сте сигурни што сака, а што не сака вашиот партнер кога е во прашање сексот, следните неколку одговори ќе решат дел од дилемите за неговите сексуални фантазии. Девојката која е вешта во спалната соба е темел на сите секси машки фантазии. Момците фантазираат за девојки секогаш се подготвени за акција, сакаат да експериментираат и од време на време да им пружат некое ново задоволство.

„Секс преку телефон“
Јавете му се во време во кое не очекува ваш повик и започнете „секс преку телефон“. Со зборови опишете му го тоа што сакате да ви го прави и тоа што вие на него сакате да му правите. Партнерот со сигурност нема да остане рамнодушен.

Нежно врзување
Машките ги возбудува помислата дека имаат сè под своја контрола. Дозволете му нежно да ве врзе за креветот и потполно препуштете се на неговите секси вештини. Можноста за доминација ќе го излуди.

Стриптиз
Мал стриптиз со секси музика во позадина ќе го „запали“ секој маж, особено ако цело време имате контакт со очите и со лесни движења му покажувате што го чека следно.

Зборувајте што сакате
Мажите сакаат во креветот директно да им кажете што сакате наместо да молчите и да го збунувате со своите сигнали. Тој ќе ужива во тоа да ве задоволи уште повеќе.

Изненадување
Нема ништо подобро од изненадување во креветот, а доволно е да го дочекате во секси долен веш, бидејќи потполно ќе го освоите.

Истражувајте
Машките понекогаш се молчеливи, па затоа треба сами да проверите како тој реагира на одредени идеи. На тој начин ќе дознаете што му се допаѓа и што не му се допаѓа.

Покажете му што сакате
Доколку сте срамежливи, не морате да му кажете што ве возбудува. Со вашите раце поставете ги неговите на она што сакате да ви го прави.

Повеќекратно задоволство
Како и девојките, така и мажите сакаат истовремена стимулација на повеќе места. Девојките повеќе сакаат стимулација на долниот дел, а машките сакаат кога ги допирате и по другите делови од телото, што особено важи за време на оралниот секс.

Грижа за големината
Девојките се грижат за целулитот и дебелината, а момците се прашуваат што мислат девојките за должината на нивниот пенис. Искористете го моментот за разговор во креветот и кажете му дека секогаш успева да ве задоволи. Оваа изјава ќе му ја подигне самодовербата и сексот ќе ви биде уште подобар.

Поза 69
Ако не сте ја практикувале позата 69, вие треба да бидете горе бидејќи на тој начин тој ќе има слободни раце и ќе ви пружи потполно задоволство.

Внимавајте со критиките
Ако не сте задоволни од сексот и тој не успева да ве задоволи, треба да му кажете на партнерот со помош на аргументи во што е проблемот. Не го оставајте без објаснување бидејќи збунетоста може уште повеќе да го упропасти вашиот следен однос.

Перници
Перниците ќе ви овозможат ново искуство во креветот во кое ќе уживате и двајцата. Тие помагаат некои пози да бидат уште попровокативни. Ставете една перница под вашиот задник додека е тој над вас и пенетрацијата под друг агол ќе му пружи поинакво задоволство.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>