За разлика од сфаќањата во минатото, денес сексот се доживува многу поинаку. Ако не сакате обврски, тогаш сакате да имате маж со кој само ќе водите љубов. Ако сте една од овие жени, тогаш погледнете зошто сексот со пријател е добра идеја.
Нема компликации
Ако односот се дефинира на правилен начин, сексот со привилегии може да биде нешто најдобро на светот. Ги има сите предности, а и многу помалку комплицирања кои ги има во обична врска. Ако добро се договорите, вашето пријателство може да биде прекрасно.
Нема кавги
Во моментот кога ќе запознаете некој со кого навистина сакате да бидете, само ќе поразговарате со пријателот со кои од време на време имате секс. Нема да има солзи, караници, љубомора, не сте биле заедно, па затоа и нема лутење.
Многу е поедноставно
Едноставно, за да имате секс не ви е потребно момче. На мажите им е полесно да практикуваат секс за една вечер, а жените сакаат да имаат константни врски. Ако не сакате врска, а и незадолжителен секс со странци кои никогаш повеќе нема да ги видите, пријател со привилегии е најидеалното решение.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!