Top
seks_so_kolegata

Секс со колегата: Што потоа?

Луѓето кои имаат сексуален однос со својата колешка или колега, имаат проблем со однесувањето по направениот чин. Во продолжение прочитајте како да се однесувате доколку и вие сте во таква ситуација.

Доколку “спиете” со некој кој ви е надреден на работа, внимавајте останатите вработени да не дознаат за тоа затоа што сигурно не сакате да бидете тема на разговорите дека “преку креветот” сте дошле до работа, покачување на платата или унапредување. Најголемата грешка при впуштањето во сексуален однос со колегите, која најчесто ја прават дамите, е игнорирањето на фактот дека би можеле и емотивно да се поврзете со него. Секако дека во емотивното поврзување нема ништо лошо, но размислете дали по сето тоа ќе можете секојдневно да поминувате одредено време со таа личност за време на работата.

Дадете се од себе за добро да ја извршувате вашата работа, дури и доколку работите подобро од вообичаеното, се со цел да ги натерате останатите колеги да престанат со озборувањето и за вас да зборуваат само како за некој кој е одличен во својата работа. Можеби имате потреба да го споделите она што ви се случува со некоја пријателка и колку вашиот колега е добар во креветот, но сепак не правете го тоа. Дури и доколку вашата другарка ветува дека тоа од неа никој нема да го слушне, веројатно таа ќе и каже барем на една друга личност, која што пак ќе каже на некој друг и на крајот сите вработени ќе дознаат.

По незаборавниот секс, потиснете ја желбата за време на работното време да “фрлите поглед” кон совршениот задник на колешката затоа што на тој начин ризикувате да бидете откриени. Без оглед дали сакате да имате сериозна врска со колегата или не, по сексот треба да разговарате со него/неа за тоа што се случило. Секако, разговорот треба да се случи “во четири очи”, далеку од канцелариите.

Според последните истражувања, повеќе од 50% од вработените имале секс со колегите.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *