Top

Секс со или без љубов?

Љубовта и сексот обично одат заедно. Но, треба да разликувате секс со или без љубов.

После „чист“ секс ќе се облечеш и ќе си заминеш
Ако станува збор за љубов, тогаш ќе посакаш да се мазиш со партнерот. Нежностите после сексот се вбројуваат во љубовта.

Ако постои и љубов, ќе бидеш личност без глума
Нема потреба од глумење или срам доколку станува збор за секс во врска во која постои љубов.

Кај страста постои разочарување ако не ги исполниш своите најекстремни желби
Кога постои љубов, тоа е сеедно, бидејќи секогаш е убаво. Ако си заљубен, најпрво ја посакуваш самата близина со партнерот.

Чистиот“ секс е полн егоизам
Телесната страст често служи како средство за постигнување на својата цел. Кај љубовта е поинаку, односно внимаваме на чувствата на другата страна. Во сексот без љубов, важно е самиот да си задоволен и не ти е грижа дали партнерот постигнал оргазам.

Љубовта те инспирира, „чистиот“ секс те прави уште повеќе „гладен“
Најголемите љубовни дела ширум светот не настанале после сексот за една ноќ.

Чистата страст е краткотрајна, љубовта победува се
После страствена авантура продолжуваш понатаму. Кога си заљубен, уште долго ќе го споредуваш партнерот со тоа неповторливо чувство на љубов.

Сексот го гледаш како вежба, а љубовта не
Кога постои и љубов, размислуваш за партнерот и ја замислуваш и заедничката иднина.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *