Top
Секс пози по ваша мера

Секс пози по ваша мера

Дали сте размислувале на кој начин да го зголемите времетраењето на интимниот чин? Или пак, имате партнер со екстремно голем пенис? За секоја ситуација постои совршена поза на секс.

ПОЗА ЗА ЗАБРЕМЕНУВАЊЕ
Може да се забремени во било која поза, но постои една која експертите ја истакнуваат бидејќи ги зголемува шансите за забременување. Доколку сакате бебе практикувајте мисионерска поза во која мажот е горе. Препорачливо би било под задникот на жената да поставите перница за полесно слевање на семената течност од грлото на матката до јајниците. При мисионерската поза во вагината останува поголема количина сперма, додека во другите пози таа истекува од вагината.

ПОЗА ЗА ПОГОЛЕМА ЖЕНСКА САМОДОВЕРБА
Ако се чувствувате несигурно во сексот, најдобра поза за целосна контрола е таа во која жената е горе. Додека сте над партнерот не заборавајте да експериментирате – лежете, клечете, правете остри движења или движете се кружно. Постојат безброј можности.

ПОЗА ЗА ОРГАЗАМ НА ЖЕНАТА
Популарната CAT поза e одлична варијација на мисионерската. Мажот треба да се лизга кон напред со рамената потпрени на партнерката. Во оваа поза клиторисот најсилно се стимулира што доведува до оргазам.

ПОЗА ЗА ДОЛГОТРАЕН СЕКС
Може да биде било која поза при која пенетрацијата лесно се контролира. Ако сакате да искусите нешто поинакво, ви ја препорачуваме позата „лисица“ во која жената ги става нозете на рамената на партнерот. Во оваа поза пенетрацијата е подлабока, а со тоа и возбудата поголема.

ПОЗА ЗА МАЛ ПЕНИС
Во ваква ситуација најдобро би било партнерката да е врз партнерот и да практикува кружни движења.
Мисионерската поза е одлична, но со нозете на неговите рамена.

ПОЗА ЗА ГОЛЕМ ПЕНИС
Најдобро би било двајцата да легнете странично. Притоа, партнерката може да ги рашири нозете, а може и едната нога да ја префрли преку партнерот.

ПОЗА ЗА БЕЗБОЛЕН СЕКС НА ЖЕНАТА
Болниот секс може да претставува вистински хорор. Најзначајна е влажноста, па не е на одмет употреба на лубриканти. Во овие случи се препорачуваат пози во кои жените ја имаат сета контрола, а најдобра е онаа во која жената седи врз мажот.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *