Top
romanticari

Романтичари или практичари според хороскопот?

Секој хороскопски знак во љубовта сака одредени работи, па според тоа спаѓа или во групата на практичари или во групата на романтичари.

Овен
Како и кога да биде романтичен кога професионалните предизвици звучат многу попримамливо од вечера за двајца под полна месечина? Овенот баш и нема многу време за да биде романтичен. Тој претпочита директен и отворен пристап, но сепак тоа не значи дека не е емотивен или непостојан. Иако понекогаш е груб и егоцентричен тој е и духовит и шармантен. Од него немојте да очекувате долга љубовна врска. Тој е повеќе за кратки и страсни врски во кои ќе ви даде се. Овенот ниту е тактичен, а ниту е внимателен, но затоа е многу практичен и кариерата му е на прво место. Од својот љубовен партнер очекува поддршка.

Бик
Романтичен господин кој секогаш ги покажува своите манири, тој знае како да се пошегува на своја сметка, многу е сентиментален и емоционален. Вистински поет во срцето, но кога е потребно знае да биде и многу практичен. Бикот оди од крајност во крајност. Понекогаш е премногу упорен, но понекогаш е и премногу внимателен. На виделина често излегува неговата материјалистичка страна, но жените во суштина сè му простуваат поради неговиот шарм. Во тоа лежи и тајната на неговата неодолива машкост која ќе ве фасцинира со романтична вечера, музика и продорен поглед кој нема да го тргне цела вечер од вас.

Близнаци
Машкиот Близнак е повеќе практичен отколку романтичен. Тој длабоко се плаши од сè што има врска со романтично излевање на емоции. Затоа, во почетокот со односот со жените е повеќе пријателски настроен, иако делува секси што може да ве измами, барем на прв поглед. Близнакот дефинитивно ќе ве разоружа со хуморот кој претставува негов одбранбен механизам против емоционалниот неуспех. Практичен во сите други сфери од животот, освен во љубовта, тој навистина може да биде одличен животен сопатник.

Рак
Романтичен, нежен, а дури и кога делува како брутален насилник. Ракот сака нежности и плени со својата вродена срамежливост, тој чека да стане ваш „плен“. За возврат тој е полн со разбирање и длабоки чувства кон личноста која навистина ја сака. Особено ќе ве освои кога ќе ве изненади со вечера во некој ресторан покрај вода каде суптилно ќе ви се додворува, а вие ќе се топите како чоколадо. Ако сте практична жена која ќе умее да управува со неговиот живот тогаш неговата романтична природа потполно ќе излезе на виделина.

Лав
Тој е вистински романтичар со детска невиност и поради тоа жените тешко можат да му одолеат. Лавот освојува со топлиот и отворен настап, иако понекогаш знае да биде и премногу искрен. Тој не е многу страствен, но затоа е многу суетен и не поднесува конкуренција. Тоа на жените им се допаѓа, бидејќи се чувствуваат како единствени во неговиот живот. Лавот најверојатно ќе ве однесе на некое екстравагантно место каде и двајцата ќе бидете забележани, а ќе ве шармира со својата духовитост и вродена самоувереност.

Девица
Иако Девицата е најмалку романтична во споредба со сите други хороскопски знаци сепак тој е еден од најголемите хороскопски џентлмени. Тој знае како да влијае врз жените и може да биде многу роматичен, бидејќи ќе се обидува во секоја ситуација да ви угоди и да ви биде на располагање кога и да ви притреба, едноставно да биде ваш витез. Многу размислува пред да започне романтина врска, не сака да ризикува подоцна да се изненади од некои податоци за вас кои не ги знаел на почетокот. Девицата сака да знае на што е.

Вага
Повеќе романтичен отколку практичен, машката Вага е во состојба да ви приреди незаборавни моменти, бидејќи знае како да остави впечаток на „вистински рај“ за кој секоја жена мечтае. Ќе ви носи цвеќе и ќе ви подарува парфеми, ќе ве носи на театарски претстави и премиери, ќе ви пишува песни и сè ќе биде добро додека вашата романса е само на тоа. Вагата иако е романтична сепак е многу неодлучна. Мажот роден во знак вага едно чувствува, но друго покажува, обидуваји се да пронајде баланс.

Скорпија
Навидум далечен и ладен, тој тешко ќе се осмели да ви ја открие сопствената душа, и ќе му биде тешко да ги покаже своите чувства. Кога Скорпија ќе чувствува желба за вас, ќе стори сè за да победи скриениот, романтичен дел од неговата природа, а тогаш ќе знае како да ви покаже дека е внимателен, лојален, вљубен и страсен. Тој е и романтичен и практичен, затоа што не губи време на сентименталност, но кога треба знае да биде и многу страсен.

Стрелец
Иако е практичен, кога станува збор за љубовна романса Стрелецот ја губи својата вродена смисла за логика. Тогаш неговата романтичарска природа доаѓа во преден план, па тогаш искрено ќе ви го отвори срецето и ќе ве опсипува со нежности, но се додека нему му одговара. Премногу е заљубен во својата слобода, па како да не е создаден за длабоки долги врски. Стрелецот тешко се врзува за една личност. Тој обично бара врска без многу обврски, во која нема да мора премногу да се труди туку само онолку колку вам ви одговара.

Јарец
Јарецот е многу романтичен. Во суштина тој брзо се заљубува, знае да биде духовит, забавен и друштвен, но тешко дека на било кому ќе му се предаде и отвори до крај. Секогаш си остава место за својот мир и осаменост во која едноставно ужива. Упорноста и трпеливоста се неговите најсилни предности. Јарецот попрво ќе ви пружи чувство на сигурност, отколку да ги исполни вашите сентиментални очекувања.

Водолија
Мистичен, таинствен и шармантен, тој е повеќе практичен отколку романтичен, но секогаш размислува за она што го сака жената, бидејќи сака да и угоди. Тој несака да зборува за своите чувства. Преферира своите мисли и емоции да ги чува за себе. Водолијата толку ќе ве шармира на првата средба со вино и свеќи што долго нема да можете да го заборавите. Неговото мото е „никогаш здодевно“, со него никогаш не се знае, секој нареден состанок е вистинска авантура.

Риби
Ним никогаш не им е доста од љубов и нежности. Некои од најголемите романтичари на сите времиња се родени токму во овој знак. Иако не се доволно упорни и трпеливи. Рибите сакаат да се затвараат во себе. Често знаат со години да мечтаат за некоја жена, а таа никогаш ништо да не дознае за тоа. Рибата ќе ве хипнотизира со својата внатрешна топлина и добрина која зрачи низ неговите очи.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *