Top
Prijatelstvo-megju-mazh-i-zhena-iLike-mk

Разликувајте пријателство од флерт

Мажите многу често погрешно ја толкуваат љубезноста на жените, и тоа најчесто како сексуален интерес. Жените пак, убавите манири на мажите ги сметаат како обид на мажите да склопат пријателство, иако тие ги прават овие потези кога се романтично заинтересирани за жена. Знаете ли како да ги разликувате пријателството од флертот? Прочитајте ги овие 5 јасни сигнали, кои ќе ви помогнат да разликувате пријателство од флерт и истите може да ве спасат од непријатни ситуации.

Споменување на партнер – Ако веднаш сакате да спречите да не ве доживуваат како партнерка за романтична врска и да поставите граница, во првиот разговор со нова личност споменете го својот дечко или партнерот.

Групно дружење – Кога сакате да запознаете некој на платонски начин, договарајте групни средби и дружби на почетокот. Дури откако ги утврдите границите на пријателството, можете да почнете да се договарате за дружење само помеѓу вас двајцата, но и тогаш избегнувајте активности како на пример, романтична вечера, која би можела да се смета за состанок.

Не третирајте маж за пријател – Пофалба за нова фризура или облека е вообичаена појава кај жените. Кога сакате да му упатите комплимент на маж, направете го тоа дискретно, особено ако се сомневате дека тој се интересира за вас. Внимавајте кога им давате комплименти на мажите, направете го тоа на тој начин што тие ќе се чувствуваат самоуверено во своја кожа, а не како да ги меркате.

Без допирање – Допирот е исклучително моќен заводнички алат. Дури и ако имате навика често да ги допирате другите, воздржете се од допирање на лицата од спротивен пол. Пријателски гест е прегратка за добра ноќ, но избегнувајте го стискањето на колената и рамењата или пак фаќањето за раце.

Изјаснете се – Природата на машко-женските односи, е таква што во секоја платонска врска доаѓа до момент кога едно или две лица се прашуваат дали може да се роди нешто повеќе. Наместо избегнување и молчење, вие одлучете се за расчистување на ситуацијата. Признајте ѝ на другата личност, што ви лежи на душа и така избегнете ги сите евентуални незгодни ситуации.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>