Top
prekin

Раскинувањето има и позитивни страни

Прекинувањето на врската за многу луѓе е тешко и тие запаѓаат во очај. Но, токму овој чин има и позитивни страни: ja зајакнува личноста и ѝ носи искуство.

Нема смисла од форсирање
Како за врска, така и за раскинување се потребни двајца, а на истото сигурно му претходело незадоволство. Во моменти на тага луѓето ги занемаруваат нештата кои не функционирале и се сконцентрирани на сите убави нешта кои ќе им недостасуваат. Но, интензитетот на овие чувства ќе се намали ако мислите на позитивните промени кои ви ги носи прекинувањето.

Можност да откриете што сакате
Со анализа на сопственото однесување во врската и потсетувањето на моментите во кои сте ја згазиле својата гордост ќе се чувствувате огорчено поради сè што трпеле. Тоа може да ви помогне во создавање на нови цели и вредности. Без разлика дали во врската имало повеќе расправии, помалку секс или општо несогласување, може да поставите нови критериуми и пообјективно да спознаете каков партнер навистина ви одговара.

Се зајакнува личноста
За момент заборавате да размислите кој е виновникот за прекинот на врската и критички ги преиспитувате своите постапки и грешки. Стекнатите навики во една врска многу често се пренесуваат и во другите врски. Пронајдете ги причините за својата љубомора или несигурност и зајакнете ја својата самодоверба која ќе ја понесете во новата врска. Тоа што ќе научите да живеете без некого, ќе ве зајакне како личност.

Мотивира на промени
Кога ќе го прифатите фактот дека не можете да контолирате се што се случува, многу полесно ќе го преболите прекинот на врската. Размислувањето „Што би било кога би било…“ не е воопшто продуктивно. Минатото не можете да го промените, а можете да влијаете на сегашноста и иднината. Ако поради партнерот и заедничките обврски ги занемарите своите желби, вистинско време е да се посветите и да бидете упорни во она што го сакате.

Ве прави помудри
Љубовта не треба да ве прави тажни, несреќни, нервозни или немирни, туку треба да ви дава внатрешен мир и спокој. Мудроста е она што го добивате ако во животот не го добиете она што го сакате. Фазата на сопствена психоанализа е типична за периодот непосредно после прекинот, а токму рационалното размислување ќе ви донесе внатрешен мир.

Ве зближува со пријателите
Токму после прекинот на врската може да утврдите кои пријатели навистина се грижат за вас. Уживајте во нивното друштво и градете уште посилни односи со нив кои ќе ве исполнат.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>