Top
pod-carsaf

Прашања кои секој маж ќе го избркаат од креветот

Кога е разгорена страста во креветот и кога мислите дека ништо не може да ја уништи, постојат реченици кои креветот го претвораат во санта мраз. Најчеста причина за гаснење на страстите се прашањата кои жените ги поставуваат, а кои се кобни по машкото его.

„И што ќе правиме сега?“
Ова прашање, непосредно после водењето љубов успева да го „излади“ секој маж, бидејќи му создава комплекс дека и после неговиот труд под чаршафот жената бара заниманиција.

„Зошто запре?“
Кога одеднаш мажот ќе го успори чинот, следува прашањето зошто запира, што ја повредува неговата машкост и го потсетува на некои претходни неуспеси во креветот. Затоа, избегнувајте го ова прашање и наместо тоа упатете му некој комплимент, бидејќи сексолозите тврдат дека пофалбите во машкиот свет се особено добредојдени ако се однесуваат на нивната вештина во креветот.

„Умирам од глад! Имаш нешто за јадење?“
Заборавете го ова прашање, бидејќи истото го тера мажот да мисли дека додека тој се обидувал да ве задоволи, вие сте размислувале за парче чоколадо. Ова прашање може да го преформулирате на следниот начин: „Многу ме исцрпи, може да нарачаме нешто за јадење?“




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *