Top
ljuboven-par

Прашања кои жените сакаат да ги слушнат од своите партнери

Постојат многу прашања кои жените сакаат да ги слушнат од мажите со кои се во врска, особено кога станува збор за самиот почеток на врската.

Секоја жена сака да знае дека мажот со кого е во врска, или со кој можеби ќе започне врска, е заинтересиран за нејзиниот живот, дека сака да ја запознае подобро, а исто така сака и маж со кого може да разговара за сите теми.

Ако можеш да избереш да живееш некаде во светот, каде би било тоа?
Ова прашање може да биде почеток на еден многу интересен разговор.

Што сакаш од животот?
Жената сака да знае дека партнерот сериозно ја разбира нејзината работа и амбиција. Покрај тоа, ова прашање може да отвори многу други теми кои водат кон разговор за тоа што и двајцата сакаат во животот, не само кога станува збор за бизнис.

Каква беше кога беше дете?
Ова прашање на многу жени им буди насмевка и ги враќа во безгрижните денови. И толку е слатко кога еден маж е заинтересиран за тоа каква била жената кога била малечка.

Може ли да ти помогнам?
Единствената подобра работа од тоа еден маж да ја праша жената дали да и ги носи кесите од шопинг е да и ги земе од рака без да ја праша.

Каде би сакала да патуваш?
Со ова прашање мажот покажува дека има широки перспективи и можеби ќе заклучите дека сакате да патувате на истото место, па зошто да не одите заедно?

На кој концерт беше последен пат?
Жените се согласуваат дека ова прашање сакаат да го слушнат многу повеќе од стандарното прашање каква музика слушаат… Прашањето за концертот е поспецифично и исто така можете да го продолжи разговорот разговарајќи колку добро сте си поминале.

Како си?
Толку едноставно и често толку заборавено прашање. А значи навистина многу.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>