Top
par

Прашања кои не треба да ги поставувате на почеток на врска

Кога имате партнер кој кој го сакате, не се плашите да бидете целосно отворени, но сепак постојат некои прашања кои не треба да ги поставувате во првите неколку месеци во врската.

„Каде води нашата врска?“
Момчињата не го сакаат ова прашање бидејќи делува очајно. Тие сакаат авантура и предизвик особено на почетокот и не сакаат да ја дефинираат врската во првите неколку недели. Опуштете се и дозволете времето да ја дефинира вашата врска.

„Дали мислиш дека сум дебела?“
Речиси ниту еден маж не ја сфаќа смислата на тоа прашање. Тоа само ја открива вашата несигурност.

„Мислиш ли на поранешната?“
Поранешната е поранешна. Немојте да му покажете дека се плашите и дека сте несигурна.

„Дали сакаш да имаш деца еден ден?“
Прво и основно правило во секоја врска е да не избрзувате со прашањата за деца. Ќе помисли дека вршите притисок врз него и дека сакате да ја превземете контролата над врската.

„Кога ќе ме запознаеш со твоите родители?“
Дозволете му тој да одлучи кога е вистинско време. Веројатно сака да биде сигурен во врската пред да помине на следниот чекор.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *