Top

Познатиот странец

Длабоко во ноќта, кога градот спиеше во глувата тишина, под слабото светло кое влегуваше низ прозорецот во малечката соба, таа размислуваше за Странецот. Размислуваше за начинот на кој тој толку неочекувано се појави во нејзиниот живот. Размислуваше за нивниот прв разговор, за првата средба, за првиот допир. Се прашуваше зошто го запозна баш него и баш тогаш кога многу работи веќе однапред беа познати. Од првиот момент знаеше дека тој не е само уште еден случаен минувач во нејзиниот живот. Многу брзо се навикна на неговиот глас, на сите оние луди муабети кои правеа да се смее и кога се чуствуваше лошо, се навикна на неговото присуство во нејзиниот живот. Тој беше единствениот кој успеа да ја симне маската од нејзиното лице и да допре до најскриените делови од нејзината душа. Со секој поминат ден таа чуствуваше дека се повеќе му припаѓа и се плашеше од тоа, зошто знаеше дека се е завршено уште пред да почне. Го нарече Познатиот Странец, зошто го познаваше, а не смееше да го познава, чуствуваше нешто за него, а не смееше да чуствува. Од почетокот знаеше дека нивните животни патишта се вкрстија само за момент, момент кој ќе смени се, за потоа повторно да се разделат. Знаеше дека по разделбата тој ќе продолжи да чекори цврсто напред кон нови предизвици, а таа ќе направи неколку несигурни чекори и ќе се сврти назад за да го види за последен пат како си заминува од нејзиниот живот. Да, го знаеше тоа и знаеше дека утре кога ќе го нема во нејзинот живот ќе и недостига, но одлучи да му се препушти на животот и да ужива во секој момент. Сепак ништо не е случајно и се си има причина, а таа сакаше да дознае која е причината што во тој момент, на тој ден, на тоа место го запозна баш него Познатиот Странец


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Познатиот странец” : Mирјана Милошеска

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>