Top
neverstvo

Позитивни промени кај партнерот кои може да значат неверство

Шепотење додека зборува по телефон, криење пораки и измама се помеѓу поочигледните предупредувачки знаци поради кои оправдано може да се посомневате дека вашиот партнер ве изневерува. Експертката за врски, Мери Џо Рапини, предупредува дека постојат некои помалку очигледни знаци кои укажуваат на неверство, а еден e многу лесно се разбере погрешно.

За Your Tango, таа вели дека ненадејната разбудена страст е еден од најнеочекуваните знаци што ги издава прељубниците, а оние кои се изневерени најчесто не го доживуваат како лош знак за нивната врска.

– Кога ќе почнат да изневеруваат, многу луѓе стануваат сексуално хиперактивни и почесто водат љубов со партнерот отколку пред д започнат афера – објаснува експертот, истакнувајќи дека тоа особено важи за мажите.

Друг помалку очигледен знак дека вашиот партнер ве изневерува е зависноста од социјалните медиуми, бидејќи луѓето кои имаат потреба често да објавуваат на социјалните мрежи, секогаш бараат потврда од другите, а изневерувањето на партнерот е класичен пример за барање потврда од некој нов.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *