Top

Погрешни причини да останете во врска или брак

Ниту една врска не е совршена, но потребно е речиси сè да фунционира како што треба за да бидеме комплетно задоволни. Сепак, секојдневно сме сведоци на сè поголем број лоши врски и бракови.



Постојат многу причини поради кои луѓето не го прекинуваат таквиот однос и поради кои продолжуваат така да живеат. Но, кога е среќата во прашање, бидете малку себични и изберете го она што ве прави најсреќни. Запомнете дека ниту една од следниве пет причини за кои ќе прочитате во продолжение не се доволни за да останете во врска која не ве прави потполно среќни.

СЕ ПЛАШИТЕ ОД ОСАМЕНОСТ
Да се биде сам не е ни приближно толку лошо колку што е да се биде во лоша врска. Ќе запознаете некој друг кој ќе биде причина за вашата неизмерна среќа. Ако немате некој таков покрај себе, не очајувајте веднаш. Посветете си малку време за себе и правете нешта кои отсекогаш сте сакале да ги направите, но никогаш не сте имале време или можност за нив.

ВАШЕТО СЕМЕЈСТВО НЕ ВЕРУВА ВО РАЗВОД
Едноставно не е возможно сè во животот да се одвива онака како што сте замислиле, без оглед на тоа дали станува збор за работа, брак или нешто сосема друго. Не е срамота да не успее бракот. Разводот е болен и разочарувачки, но вие мора да го направите она што е најдобро за вас.

ДА ОСТАНЕТЕ ЗАЕДНО САМО ПОРАДИ ДЕЦАТА
Децата кога-тогаш ќе сфатат дека сте останале заедно само поради нив, а не еден поради друг. Тоа е лош пример за нив, бидејќи кога ќе пораснат, ќе веруваат дека таквиот однос помеѓу маж и жена е нормален.

САКАТЕ ДА ЗАДРЖИТЕ МАТЕРИЈАЛНИ СРЕДСТВА
Парите, имотот и другите материјални средства можеби ќе ве направат среќни, но само накратко. Ништо што поседувате не може да ви помогне да се чувствувате подобро ако не сте среќни со личноста со која сте заедно.

ЧУВСТВУВАТЕ ВИНА
Без разлика дали ќе изберете да се откажете или да останете, ќе чувствувате вина. Ако ја прекинете врската, ќе чувствувате вина бидејќи можеби сеуште ја сакате таа личност, но не доволно за да се потрудите да успее врската. Ако останете во врска ќе чувствувате вина поради тоа што не сте искрени со партнерот. Ако сте направиле сè што е можно да се направи, но сепак не оди, можеби најдобро решение е да се разделите и среќата да ја барате со некој друг.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>