Top
Nesreken_par

Паровите со оваа навика имаат нестабилна врска

Без разлика колку една врска изгледа совршена, сепак може и само така да изгледа.

Една студија открила која навика е најсилниот показател дека нешто не е во ред со врската. Студијата Personality and Social Psychology Bulletin докажала дека паровите што повеќе пати објавуваат нешта и моменти за нивната врска на социјалните мрежи, се обидуваат да ја маскираат несигурноста и недовербата во врската. Како што се наведува во студијата, таа е теорија на поврзаност која се занимава со тоа како паровите се врзуваат и ја зајакнуваат врската. Истражувачите велат дека луѓето кои не му веруваат доволно на својот партнер и на кои им е потребна дополнителна потврда за квалитетот на нивната врска, имаат тенденција често да објавуваат фотографии од себе и од партнерите, за да се докажат пред т.н. публика и да создадат идилична слика за нивната врска.

Како што еден од истражувачите потврди за „Cosmopolitan“, луѓето кои се задоволни од својата љубовна врска, немаат потреба да ја изложуваат на јавноста затоа што немаат никаква желба за одобрување од другите и лажен перфекционизам.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>