Top
Seksi-par-iLike-mk

Откријте ги машките слаби точки

Мажите вообичаено не сакаат многу да зборуваат за себе и за своите проблеми, па затоа малку ни е потешко да ги разбереме. Но, не мислете дека сте единствена на светот која не го разбира својот партнер, бидејќи ова е проблем на речиси секоја жена.

Ги плаши неуспех
Секој маж размислува и стравува дали ќе успее да ги исполни сексуалните очекувања на својата партнерка. Поради тоа, се повлекуваат во себе и сосем избегнуваат нежност. Овие проблеми не се појавуваат само на почеток на врската, туку и подоцна. Ако зебележите вакво однесување кај својот партнер, спонтано наведете го на нежни допири и опуштете го шепотејќи му нежни зборови, бидејќи тоа ќе го ослободи од притисокот.

Сакаат пофалби
Секој маж сака во сексот да биде заводник, издржлив, вистински љубовник и да може да ви пружи сѐ што ќе посакате од него. Кога ќе успее да ги задоволи вашите очекувања, односно да ве задоволи, се чувствува како да постигнал многу и очекува пофалба. Ако за време на самиот чин го пофалите, тој ќе биде на 7-мо небо и ќе добиете сѐ што ќе посакате.

Не го одбивајте
Не го одбивајте кога сака да биде интимен со вас. Доколку постојат оправдани причини поради кои не можете да бидете интимни, објаснете му го тоа на нежен начин. Истражувањата покажуваат дека мажите се поприврзани во врската доколку постојано им се дава до знаење дека се посакувани. Најдете начин, кажете му дека и понатаму ви се допаѓа и дека и понатаму уживате во неговите прегратки. Секој маж сонува вие да го направите првиот чекор, па поради тоа не плашете се да тргнете во акција.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>