Top
Одговори на најпикантните сексуални прашања

Одговори на најпикантните сексуални прашања

Постојат голем број прашања за интимниот живот кои имаат третман на табу теми. Но, сексолозите отворено одговараат на дел од нив.

Колку трае предиграта?
Идеална должина на предиграта е околку 20 минути. Меѓутоа, на некои жени им е потребно и повеќе. Важно е да се знае дека квалитетот е многу поважен од квантитетот.

Дали е важна должината на пенисот?
Мажите сметаат дека должината на машкиот полов орган е пресуден за добар секс. Меѓутоа 87% од жените преферираат просечна должина на пенисот, околу 14,3 сантиметри. Сексот со „надарените мажи“ може да биде болен.

Зошто некои мажи можат неколку пати по ред да водат љубов?
Ова зависи од тоа колку години имаат. Момците во тинејџерските години се способни за нова ерекција околу 15 минути после ејакулацијата. Но, доколку мажот е постар неговата желба за секс после првиот сексуален чин е помала, па може да не дојде до повторна ерекција.

Дали заштитата го намалува задоволството?
Доколку сметате дека заштитата ќе ве спречи да уживате, грешите. Најдобро е да се одлучите за безбеден секс и да користете квалитетни кондоми, како и други облици на контрацепција.

Дали непристојните зборови се посакувани?
Во креветот сè е дозволено доколку на партнерите не им е непријатно или перверзно. Но, претходно отворено поразговарајте со партнерот на оваа тема.

Кој е најголемиот машки страв во сексот?
Најчестиот машки страв е прераната ејакулација. Дури 72% од мажите чувствуваат грижа на совест доколку прерано доживеат кулминација и ја разочараат својата партнерка.

Зошто после сексот жените се понежни?
Жените после интимниот однос сакаат да лежат и да се гушкаат со партнерот бидејќи подолго време се возбудени. Спротивно на нив, мажите после сексот се поизморени и понезаинтересирани.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *