Top
Mazh-zhena-seks-krevet-iLike-mk

Очекувањата на жените за првиот секс со партнерот

Многу жени знаат дека првиот секс со новиот партнер по малку е и чуден, па токму затоа не очекуваат да биде совршен. Претпоставуваат дека ќе биде несмасен, дека некој ќе добие удар по лицето додека се превртувате и менувате пози. Но, и покрај сѐ жените очекуваат сексот да биде полн со страст и возбуда.

Кога станува збор за времетраењето на овој чин, знаат дека кратко ќе трае. Но, сепак, никогаш не го обвинуваат партнерот ако тоа му се случи првиот пат кога имаат секс. Жените знаат дека за мажот е посебно задоволство сексот со нова партнерка и дека не може од него да очекуваат долго да се воздржува. Токму затоа ретко очекуваат дека тие лично ќе постигнат оргазам. Можно е да постигнат оргазам и првиот секс е возбудлив за нив исто како и за мажите, но жените нема да имаат доволно време за да стигнат до тој момент. Статистички гледано, шансите тоа да се случи се мали, но сепак постојат.

„Првиот секс со нов партнер е едно од највозбудливите искуства што ги носи животот, а кога ќе го почуствуваме тоа тврдо нешто во машките гаќи и кога знаеме дека целосно ќе ни биде на располагање… тоа е едноставно жешко. Можеби вие не сфаќате, но ние сме исто така нетрпеливи да ве видиме голи, како што и вие сакате да не видите нас. И патем, кога се ќе заврши и кога ќе се упатите накај купатилото… дефинитивно ви го меркаме газето“, вели женскиот дел од екипата на Men’s Health.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>