Top
poranesen

Нешта кои се плашиме да му ги кажеме на бившиот

Ви се случило на врската да ставивте крај, но емоциите сеуште постојат? Што ќе му кажете, а што не ако случајно се сретнете? Искуствата покажуваат дека најчесто се плашиме да ги изговориме следниве работи:

* Ми недостасуваш. Знам дека не треба да ти кажам, но ми сепак тоа е вистина. Многу често посакувам да останевме заедно.

* Жал ми е што се откажа од нас. Требаше повеќе да се бориш, а не да ме пуштиш при првата прилика.

* Многу пати сакам да ти се јавам. Кога нешто убаво ќе ми се случи, сакам тоа да го поделам со тебе. Ако ми е тешко, сакам да ме утешиш. Милион пати сакам да го свртам твојот број, но на крај се откажувам.

* Крајот на врската ми е потежок отколку што мислев. Мислев дека е подобро ако се разделиме, но секоја ситница ме потсетува на тебе, па не можам да те заборавам.

* Се вознемирувам кога пред домот ќе видам автомобил сличен на твојот. Секогаш потајно се надевам дека тоа си навистина ти и сакаш да ме изненадиш.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *