Top
ljubovna1

Нешта кои не смеете да ги направите само поради него

Љубовта е сила кој нè води во животот, но сепак не треба да ѝ дозволиме да го одредува секој наш чекор. Важно е да водите сметка за другите, но не по цена на сопствената среќа.

Не се откажувајте од своите сонови
Вашите цели и сонови се дел од вашата личност, од она што ве буди секој ден, ве мотивира и прави среќна. Ако партнерот директно или индиректно сугерира дека треба да се откажете од нив поради одредени причини, можеби е време да се запрашате дали сакате да бидете во врска со личност која не верува во вас.

Немојте да се преправате нешто што не сте
Никогаш немојте да дозволите некој да ве исмева поради вашите уверувања и ставови. Во секој момент заслужувате почитување без разлика на тоа што ви се разликуваат размислувања.

Не менувајте го својот изглед
Тој повеќе сака бринети па вие размислувате да ја смените бојата на косата или ви вели дека имате некој килограм повеќе и ве тера да ослабете. Тоа едноставно не смеете да го толерирате. Секоја промена која ќе ја направите на својот изглед мора да биде мотивирана од вашата лична желба.

Не ги намалувајте своите стандарди
Знаете што сакате, знаете што ви треба и држете се до тоа. Немојте да влегувате во врска која не ве задоволува во целост.

Не ги запоставувајте пријателите
Немојте да се претворите во една од оние жени кои во целост ги забораваат пријателите поради маж. Обидете се да најдете време за нив бидејќи тие биле дел од вашиот живот многу пред да го запознаете него.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>