Не е важно колку време веќе сте заедно. Овие нешта мора да ги правите ако сакате да имате здрава и возбудлива врска. Верувајте ќе поминувате супер време со вашиот партнер!
Патувајте заедно на интересни места
Се разбира колку ви дозволува буџетот, но ако се и околни места тоа не значи дека нема да биде возбудливо. Одете истражувајте, забавувајте се. Бидете авантуристи, еден ден ќе бидете стари и нема да имате енергија за луди патувања.
Имајте секс секаде
Додека сте млади можете да имате секс кога било. И тоа треба да се искористи, не е интересно секоја пат на исто место и во и во истата поза. Искористете ја предноста што сте млади и флексибилни.
Правете многу фотографии
Еден ден ќе ве фати носталгија, ќе сакате да ја видете помладата вие. Ќе го обожавате лицето на фотографиите и ќе се смеете кога ќе се сетите за какви неважни работи сте се нервирале.
Одете на концерти и журки
Музика, луѓе, младост, живот – не го пропуштајте она што животот го нуди! Движете се меѓу луѓе, забавувајте се.
Направете ваша креативна работилница
Тоа е подлога за супер бизнис. Супер е да размислувате за иднината. Ќе работите нешто што сакате, а истовремено ќе дознаете како е да се работи во тим со вашето момче. Секако сте во предност.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!