Повеќето жени сметаат дека мажите ќе ги освојат со црвен кармин, но вистината е дека нивниот природен изглед е секогаш поатрактивен. 57% од испитаниците во онлајн анкета откриле дека црвениот кармин не привлекува внимание, а 82% изјавиле дека им се допаѓаат природни фризури и пуштена коса.
Еве што ги привлекува мажите кај жените.
Изберете црвен фустан наместо црвен кармин
Одлучете се за бојата на страста во гардероба, а не на вашите усни. Со избирање црвен фустан ќе оставите впечаток на самоуверена личност. Мажите сакаат да видат живи бои на жените. Живите бои стимулираат визуелно и ментално.
Оставете ја косата пуштена наместо да врзувате опавче
Иако понекогаш е најлесно да ја врзете косата, бидејќи едноставно не сте задоволни со нејзиниот изглед, мажите повеќе сакаат пуштена коса.
Користете минимална шминка
66% од мажите сметаат дека нивната девојка е поатрактивна кога носи шминка. Повеќето мажи сакаат природен изглед, па наместо црвен кармин и темни тонови на вашите очи, изберете сјајот или кармин во нежна нијанса и минимална шминка на вашето лице.
Заменете ја трендовската облека со онаа класичната
Извонредниот изглед, оној како да чекорите по писта, кај мажите не делува многу добро. Истражувањето открило дека мажите претпочитаат класичен изглед. За нив, жената е најатрактивна во фармерки и маичка.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!