Постојат нешта кои мажите никогаш нема да ги кажат на глас или никогаш нема да ѝ ги признаат на жената. Или ги чуваат во тајност или изоставуваат детали што би можеле да ги повредат чувствата на жената или да предизвикаат проблеми.
„Сакам да гледам во други жени“
Знаеме сите, а и факт е дека мажите сакаат да гледаат и да се свртат по добра девојка. Кај нив, тоа е вродена реакција, која е сосема надвор од контрола и сосема неважна. Секој маж има потреба да погледне друга жена, а сѐ додека е во прашање само тоа, не грижете се.
„Сакам да гледам порно-филмови“
Можеби тоа не е често, но мажите сакаат порно-филмови, а особено сакаат и жените да ги гледаат со нив. Тие би биле навистина среќни кога жените би го прифатиле фактот што мажите едноставно гледаат порно-филмови.
„Не сакам многу шминка на женското лице“
Жените понекогаш знаат да претераат со шминка, а мажите тоа воопшто не го сакаат.
„Забележувам кога те гледаат други мажи“
Најчесто се прават дека не гледаат, но всушност сѐ забележуваат со своите очи. Тоа кај мажот предизвикува чувство кое се наоѓа меѓу гордост и љубомора.
„Нервозен бев првиот пат“
Иако изгледаат сосем опуштени за „првиот пат“ со новата партнерка, длабоко во нив ги интересираат разни нешта, меѓу кои и моментот дали ќе се посрамотат, дали ќе ги изневерат вашите очекувања и слично.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!