Top
ljuboven par

Нешта кои би ја убиле и најсилната љубов

Совршената врска не е секогаш таква каква што ви се чини. Сигурно сте биле сведок на тоа како се распаѓаат врските, дури и кога се сакале неизмерно. Постојат пет показатели кои најавуваат дека вашата врска ќе се распадне, без разлика колку и да била силна љубовта помеѓу вас.

Постојани неосновани кавги
Не е нормално никогаш да не се карате и да се сложувате буквално во сѐ. Не само што се неизбежни, туку кавгите се и пожелни за развој на вашата врска. Но, доколку се неосновани и секојдневни, тоа би било знак сериозно да размислите дали партнерот со кој сте е навистина правиот избор.

Љубомората не е љубов
Често може да се слушне дека колку повеќе љубомора има во една врска, толку љубовта е посилна. Во реалноста тоа не е така. Љубомората е деструктивна и мора да се држи под контрола. Таа не може да донесе ништо добро.

Оддалеченост
Можеби ќе ве разочараме, но ситуацијата кога саканата личност е во друг град или држава (поради работа или факултет), најчесто е штетна за врската. Ако не постои визија за иднината или заедничка цел, тогаш најверојатно врската нема да успее. Убаво велат постарите: Далеку од очите, далеку од срцето.

Постојано се сомневате во своите избори
Секоја врска има моменти на слабост, сомневање и маани. Но, во здравите врски времето секогаш помага да се премине преку овие сомнежи и стравови. Колку подолго сте заедно, толку помалку има простор за анксиозност. Ако постојано се сомневате, тоа би можело да биде знак дека нешто недостига во вашата врска.

Имате цели кои не ви се совпаѓаат
Иако се вели дека спротивностите се привлечуваат, многу често тоа и н е така. Вашата врска можеби била совршена додека и двајцата сте студирале на ист факултет, но кога сте почнале различни кариери, сте поминувале сѐ помалку време заедно и тогаш сте се „изладиле“ еден од друго. Секако, не е можно да најдете некој со кој ќе целосно ќе ви се совпаѓаат приоритетите, но ако вашите цели и планови воопшто не одговараат на оние на вашиот партнер, тогаш нема што да барате заедно.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>