Постојат нешта кои се поврзани со сексот, а кои треба да ги знае секој љубовен пар кој сака да ја одржи сексуалната поврзаност на високо ниво.
ОД ПАРТНЕРОТ ПОБАРАЈТЕ ГО ОНА ШТО САКАТЕ
Многу парови имаат проблеми со откривање на желбите во креветот. Некои дури тоа го сметаат и за непрјатно. Затоа најдобро е за тоа да се разговара пред самиот секс, бидејќи на тој начин би се намалил притисокот врз партнерот за време на сексот. Најдобро е разговорот да го започнете со “Ми се допаѓа кога…” наместо со “Не ми се допаѓа кога…”.
РЕДОВНО (САМО)ЗАДОВОУВАЊЕ
За мажите веројатно оваа тема е добро позната, но потполно е различно кога станува збор за жените. Затоа најдобро би било ако жена го практикува овој метод. Тоа не значи дека треба да се форсира, туку дека така жената најдобро ќе го запознае своето тело и најдобро ќе знае што сака.
КОРИСТЕТЕ ЛУБРИКАНТ
Многу често природната женска лубрикација не е доволна, и не е доволен показател дека женското секогаш е возбудено. На тоа влијаат различни фактори: фазата на менструалниот циклус, годините, исхраната… Така, за да не ви претставува проблем сувоста на вагината најдобро е секогаш при рака да имате лубрикант.
НЕ ГО ПРЕИСПИТУВАЈТЕ ЖЕНСКИОТ ОРГАЗАМ
Многу жени имаат проблеми со оргазмот, а поголемото оптеретување нема да ви помогне околу тоа. Кога женското се грижи дали ќе го постигне оргазам или не, може да заборави дека тоа навистина ќе се случи. Наместо да се насочите кон тоа, насочете се кон целокупното уживање во самиот чин.
Понекогаш дури и кога не ви е до тоа, водете љубов. Сексот е здравје, тоа го потврдуваат и научниците. Ова важи и за понежниот и за посилниот пол. Не е пожелно да чекате се да се поклопи. Некогаш нема да имате време, некогаш ќе бидете уморно… Ако ви се случува се почесто да наоѓате оправдувања за да не водите љубов, вашиот сексуален живот и вашето сексуално здравје може да се влоши. Не размислувајте премногу, само уживајте.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!