Top
nesta-koi-zhenite-ne-gi-sakaat-vo-seksot-iLike-mk

Нешта кои жените не ги сакаат во сексот

Сексот би требало да биде возбудлив акт исполнет со страст и шареноликост. А, за да биде таков потребен е возбудлив и иновативен љубовник.

Но, постојат нешта кои не им се допаѓаат на жените при сексуалниот чин.

Еве дел од нив:

БАРАЊЕ ДОЗВОЛА ЗА СЕКС
Добриот љубовџија има своја финта со која и дава до знаење на жената дека сака да имаат секс и знае да ја возбуди за двајцата подеднакво да уживаат. Доволни се неколку допири и погледи за да се разбуди либидото кај двајцата партнери.

СЕКС, СЕКС И НИШТО ДРУГО
Ниту една жена не сака да биде третирана како кукла и не сака секс без страст. Тоа значи дека мажот треба да направи партнерката да се почувствува женствено и посакувано. Тајната лежи во тоа што треба да водете љубов со неа како да е единствената на светот и да ѝ пружете незаборавно сексуално искуство. Доколку сексот е механички, таа ќе побара друг партнер.

СЕКС НА ИСТО МЕСТО
Ако вашата партнерка точно знае каде се наоѓа секој детаљ во вашата соба, тогаш имате многу голем проблем. Веднаш пристапете кон тоа да ја сменете локацијата. Едноставно, одведете ја под туш, во кујната или имајте секс на подот. Водете љубов во, но и надвор од домот, а тоа е доволно за да ја возбудите партнерката.

ИСТИ ФРАЗИ
Жените мразат кога во текот на сексот, мажите постојано ги изговараат истите реченици. Тоа е можеби и полошо од самата тишина. Уживањето се постигнува на различни начини, а добрите љубовници знаат што треба да зборуваат во креветот. Не заборавајте дека секоја жена сака да комуницира во текот на сексот.

ГЛУМЕЊЕ
На жените им досадуваат мажи кои во реалниот живот се нежни и пристојни, а во креветот глумат порно ѕвезди. Најдобро е да бидете тоа што сте. Упорноста и промените во креветот може да бидат позитивни доколку не се претерува со глумењето.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>