Top
Neshta-koi-zhenite-gi-obozhavaat-iLike-mk

Нешта кои жените ги обожаваат кај мажите

Многу е тешко да се разберат жените бидејќи секоја од нив е посебна и различна од сите останати. Но, кога станува збор за одредени нешта за мажите, тие не можат да останат рамнодушни и се согласуваат.

Мирис
Жените особено го обожаваат мирисот на мажот, но не неговите парфеми и дезедоранси, туку телесниот мирис. Секој маж е посебен на свој начин. Иако дезедорансот ја одржува пријатната миризба, телесниот мирис ги „пали“ жените. Едно истражување вели дека жените може да ги привлекува некој маж, иако не му го виделе лицето, само преку неговиот мирис.

Манири
Манирите зборуваат навистина многу за еден човек, особено кога станува збор за состанување и врски. Ако мажот е некултурен кон таксистот или келнерот, секоја девојка би помислила дека исто ќе се однесува и кон неа. Она што треба да го запомнат мажите е дека мора да бидат културни и внимателни, мажествени, но и пристојни. Во никој случај не е мажествено, вулгарното и некултурно однесување.

Неговата нежна страна
Важна е и неговата силна, згодна и мачо страна, но сепак речиси секоја девојка ќе се заљуби малку повеќе откако мажот ја покаже и неговата нежна страна. Масажи, галење, топли бањи, нема да ги направи помалку мажи, а ќе и овозможи огромно задоволство на саканата. Нежен, искрен разговор е секогаш плус.

Споделување на тајни
Повеќето мажи сметаат дека не треба да ја покажат меката и ранлива страна, но на жените тоа им е секси и на тој начин ги чувствуваат за поблиски. Таа нема да го гледа како слабак, туку ќе го цени тоа што мажот има доверба и дели некоја своја тајна со неа. Во секој случај, споделувањето зближува.

Танцување
За многу жени нема ништо посекси од маж кој танцува, бидејќи тоа води кон други секси работи.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>