Постојаното размислување за сексот, страстa и недостатокот на грижа за последиците, како што е бременоста и сексуално преносливите болести се главните двигатели на неверство, тврди една студија спроведена од страна на истражувачите од Универзитетот во Индијана.
Студијата спроведена на 506 мажи и 416 жени со просечна возраст од 31 година, покажа дека мажите кои лесно се возбудуваат, многу повеќе ги изневеруваат своите партнерки, а жените кои премногу се загрижени за сексуалните односи и доживувањето на оргазмите имаат 8% повеќе шанси да се одлучат да го изневерат својот партнер. Проблемите кои мажите ги наведуваат за неверство се потенцијалната импотенција и прерана ејакулација.
Луѓето кои страдаат од сексуална нервоза и се грижат премногу за некои работи се чувствуваат поопуштено со луѓето кои не ги познаваат добро и не ја знаат целата нивна сексуална историја, додава истражувачот Кристен Марк.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!