Top
Најчести непријатности во сексот

Најчести непријатности во сексот

Сексот во филмовите е секогаш совршен, но реалноста е сосем поинаква. Авторот на бројни книги на тема брак и сексуалност Jenny Block вели дека треба да ги заборавте непријатните моменти и да продолжите понатаму. Без оглед на тоа колку сте опуштени, постојат моменти во сексот кои се навистина непријатни. Меѓу нив се следниве 4 моменти.

  • Невозможна поза
    Сигурно досега ви се случило да гледате порно филм или пак сте виделе некоја поза од Кама Сутра и се обидувате да ја пробате. Но, некогаш едноставно е невозможно. Оној момент кога ќе забележите дека не можете да го искусите она што сте го виделе, откажете се. Но, тој момент не смее да ве обесхрабрува за нови обиди.
  • Претерувате
    Ако се обидувате да внесете некоја новост, како удирање по задникот и на тоа партнерката изреагира спротивно од она што сте очекувале, избегнете ги непријатностите со разговор и кажете што сте сакале да пробате. Па нели ако не прашате, одговорот секогаш ќе биде „Не“.
  • Фатени „на дело“
    И тоа се случува. Ако вашето дете имало кошмар и се упати кон спалната соба или пак свекрвата не запамтила дека треба да тропне на вашата врата, несомнено ќе бидете фатени „на дело“. Никако немојте да се опрадувате со „Не е тоа што мислиш“. Едноставно, насмевнете се. Вашата свекрва сигурно не очекува да спиете во одвоени кревети, а децата веројатно знаат што прават мама и татао во спалната соба. Ако се мали и не знаат, поразговарајте со нив.
  • Вагинален ветер
    Станува збор за воздух кој се наоѓа во женското тело, а тоа се случува при „жежок“ секс. Станува збор само за звук, на кој нема потреба да му обрнете внимание. Следниот пат пуштете музика.



Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *